Путин: Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ
Објавено во: Свет 03 Март, 2022 20:18
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност и кажа дека Украинците и Русите се еден народ.
Рускиот претседател додаде дека сè се одвива според планот и ги пофали руските војници нарекувајќи ги вистински херои.
„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот Исток. Тие користат цивили и странци како жив штит. Заробија студенти на железничката станица во Суми, кинески студенти кои сакаа да го напуштат градот“, рече Путин.
Најави поддршка за семејствата на загинатите и ранетите за време на „специјалната операција во Украина“.
„Сите поставени цели се решаваат или успешно се постигнуваат“, рече Путин.
Вели руските сили обезбедиле хуманитарни коридори низ кои цивилите можат да избегаат, но дека украинските националисти ги блокираат.
Неговиот украински колега, Влодомир Зеленски го покани на преговори. Веќе осум дена се војува во Украина, откако на 24 минатиот месец, Русија ја нападна земјата.Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




