19 Декември, 2025
0.0525

Путин: Никој не може да зборува со Русија со ултиматуми

Објавено во: Свет 19 Јуни, 2015 18:48

Добивај вести на Viber

Западните земји не треба да се мешаат во работите на Москва и никој не треба да зборува со Русија со ултиматуми, изјавил рускиот претседател Владимир Путин. Тој зборувл во дискусијата на првото на пленарната седница на отворено во Санкт Петербург на меѓународниот економски форум.

Постојано се обидуваат да ни наметнуваат свои стандарди и решенија, без да се усогласат со нашите интереси. Практично ни велат: „Ние (т.е. САД) подобро знаеме“ што ви е потребно. „Дозволете ни сами да си ги дефинираме нашите интереси и потреби, поаѓајќи од нашата историја и култура“, изјавил Путин. Според него „САД се обидуваат да влијаат и да се мешаат во нашите внатрешно-политички процеси, вклучувајќи и финансирање на невладиниот сектор, и наметнување решенија во сферата на меѓународната безбедност“.

Тој потсетил дека дискусијата за ситуацијата во Ирак пред испраќањето на меѓународни сили таму.

„Кој не е со нас - тој е против нас“, го сумираше моделот на кој САД ја води дискусијата. „Тоа не е дијалог, туку е ултиматум“ и тоа не е начин да се разговара така со нас, предупредил рускиот претседател, цитиран од агенциите.

Според него токму активностите на САД водат кон нова Студена војна. „Кон Студена војна водат не локалните конфликти, туку глобалните решенија како што се едностраното излегување на САД од Договорот за противракетна одбрана“, изјавил Путин во одговор на друго прашање поставено во дискусијата. „Тоа навистина е чекор кој не турка кон нов круг од трката во вооружување, бидејќи тој го менува Глобалниот систем за безбедност“, истакнал тој.

Русија не води агресивна политика и не претендира за хегемонија, и на никого не ги наметнува своите модели на однесување и развој, истакнал Путин во одговор на критиките за агресивниот карактер на руското однесување. Според него Москва едноставно „почнала поконзистентно и упорно да ги брани своите интереси“. „Ние долго време, може да се каже - со децении, мирно молчевме и нудевме различни елементи на соработка, но нас постепено се повеќе не притискаа и притискаа - и не доведоа до линијата, зад која повеќе не можеме да отстапиме“, продолжил тој.

Москва сака „рамноправни односи со сите учесници на меѓународната заедница - и со САД и со европските партнери, и со Азија - ќе ги градиме нашите односи на рамноправна и взаемнопочитувана основа, ќе ги опстојуваме принципите на меѓународното право и неговите фундаментални основи врз основа на Повелбата на ОН“, истакнал Путин. Според него вкупните глобални задачи на Русија и САД, сепак, ќе им дозволат да ги испеглаат односите.

„Не обединува желбата да работиме против заедничките закани, какви што се тероризмот, ширењето на дрогата и многу опасната тенденција за можно ширење на средствата за масовно уништување, како и борбата со сложени и многу тешки заразни болести, што поразуваше цели региони“, додал претседателот.

„Има и прашања поврзани со светската економија, енергетика, има и други сфери во кои сме се утврдиле како целина на нелоша интеракција“, истакнал тој.

„Сметам дека тоа ќе послужи како база, која ќе ни овозможи да го повратиме претходното ниво на односи со САД и да се движиме понатаму, истакнал Путин.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела