20 Декември, 2025
0.0450

Путин: Русија ја зајакнува својата нуклеарна сила

Објавено во: Економија, Свет 19 Декември, 2014 20:35

Добивај вести на Viber

Руската воена доктрина и понатаму останува исклучително одбрамбена, но ние и понатаму ќе продолжиме со модернизација на војската со ставање акцент на нуклеарните стратешки сили. Ова го истакнал рускиот претседател, Владимир Путин, во придружба на неговите највисоки офицери. Путин рекол дека руските нуклеарни сили „се значаен фактор во одржувањето на глобалната рамнотежа и исклучување на можноста за голема агресија врз Руската Федерација“, пренесува „Асошиетад прес“. Путин информирал дека руската војска ќе добие 50 нови интерконтинентални балистички проектили, што е значително повеќе во споредба на тоа што го добивала претходно. Рускиот претседател рекол дека во најскоро време планира и модернизација на стратешката авијација, како и распоредување на два ракетни крстосувачи на воени задачи. Тој истакнал дека воената доктрина на Русија е исклучиво одбрамбена и дека таквиот статус останал и покрај , како што ја нарекол, зајакнатата активност на НАТО на истокот во Украина и во близина на границата со Русија. „Руските вооружени сили се способни да решат најкомплексни задачи, што е докажано на воените вежби кои што се одржаа оваа година“, рекол Путин на состанокот со своите највисоки офицери, пренесува агенцијата „Итар – Тасс“. Како што пренесува оваа агенција, рускиот претседател, исто така, рекол дека неодамнешните случувања докажале дека руската војска добива нов имиџ, станува се помодерна, како и дека е подготвена да ги исполни и најкомплексните и најодговорните задачи.  

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба