19 Декември, 2025
0.1126

Путин: Русија треба да биде со силна армија поради заканите позади границите

Објавено во: Свет 25 Јуни, 2015 18:51

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека на неговата земја и треба силна армија, за да ги одврати заканите блиску до нивните граници, пренесоа американските медиуми.

На состанокот во Кремљ со дипломатите од руски високи воени школи на Путин истакнале дека силната армија, опремена со современо оружје, е гарант за суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија. Тој вети дека ќе продолжи со модернизацијата на армијата, вклучувајќи и испораки на голем број нови оружја.

Путин потврдил дека Русија нема агресивни намери и се стреми да го уредува секој спор исклучиво преку политички средства, запазувајќи го меѓународното право и интересите на другите држави.

„Русија е една отворена мировна стrана, која е за зајакнување на соработката и партнерството со секој кој е подготвен за тоа“, истакнал претседателот.

„Ние немаме и не можеме да имаме агресивни планови. Ние на никого не се закануваме. Сите спорни прашања се стремиме да ги решаваме исклучиво преку политички средства. Ние се однесуваме со почит кон меѓународното право и интересите на другите земји“, изјавил Путин.

Тој потсетил дека сега активно се зајакнуваат руските стратешки нуклеарни сили и единиците на воено-воздушната одбрана и борбените способности на сите родови војници и видовите вооружени сили се зголемиле значително.

Рускиот претседател додал дека арсеналот на националните вооружени сили ќе биде пополнет со ново оружје, техника, авиони, подморници, бродови, борбени роботи, беспилотни летала и прецизните оружје.

Иако богата со нафта и природен гас Русија е во рецесија, Путин планира да потроши до 2020 година 22 трилиони рубљи (над 400 милијарди долари) за модернизација на вооружените сили, забележуваат агенциите.

Агенцијата наведува дека популарноста на рускиот претседател се зголемува, независно од економските проблеми на земјата. Анкетирањето на социолошкиот центар „Левада“ покажа дека рејтингот на Путин во Русија достигна историски максимум од 89 проценти овој месец.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела