20 Декември, 2025
0.0858

Путин: Русија верува во „традиционално и здраво семејство“

Објавено во: Свет 05 Декември, 2014 21:10

Добивај вести на Viber

Русија не е хомофобична земја за разлика од многу американски држави, вели Владимир Путин, додавајќи дека верува во  „традиционално и здраво семејство“.

„Оние кои се обидуваат да ни залепат етикета на хомофобична земја се оние кои сметаат дека нетрадиционалната сексуална ориентација е кривично дело“, рекол Путин, пренсува агенцијата Бета.

Путин рекол дека во некои американски држави хомосексуалноста е криминал. Хомосексуалниот брак е легализиран во 34 од 50 држави во САД.

Русија, во која хомосексуалноста се сметала за криминал до 1993 и ментална болест до 1999 година, минатата година го усвои законот според кој со затвор се казнува хомосексуална и педофилска  пропаганда кон малолетници.

Тој закон предизвикал негодување на западните земји.

„Ние не ги загрозуваме правата на сексуалните  малцинства, но нашиот стратешки избор е традиционално и здраво семејство. Едното не го исклучува другото“, рекол Путин на состанокот со членовите на претседателскиот одбор за човечки права.

Путин во неколку наврати ги оценил како декадентни некои вредности кои се почитуваат во западните земји.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја