19 Април, 2024
0.0247

Путин вицешампион на листата највлијателни луѓе

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Американското списание Foreign policy го прогласило рускиот претседател Владимир Путин за највлијателен човек на светот во 2012 година. Инаку Путин е втор на листата, но имајќи предвид дека првото место не му било доделено на никого, рускиот претседател пратктично ја добил титулата на највлијателен. Според составувачите на листата  „сѐ уште се  чека да се појави некој кој ќе биде подготвен на својот грб да ја понесе одговорноста за најтешките и најопасните предизвици“ на современиот свет. На третото место е шефот на американските Федерални резерви Бен Бернанки, а следат германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама. Зад Обама се претседателот на Европската централна банка Марио Драги и новиот генерален секретар на кинеската Комунистичка партија Кси Џинпинг. На осмото место е врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, на деветтото шефицата на ММФ Кристин Лагард, додека на десеттото е саудискиот монарх Абадула Бен Абдел Азиз Ал Сауд.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре