ПУТИН ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП ЗА ГРЕНЛАНД: Би било голема грешка да се мисли дека ова е само некоја ексцентрична приказна

Објавено во: Свет 27 Март, 2025 20:06
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија ќе ги брани своите интереси на Арктикот и бројот на војници таму ќе расте, јави Скај Њуз. Путин ја коментираше состојбата со островот Гренланд за кој американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека сака да го припои кон САД.
Путин вели дека би било голема грешка да се мисли дека ова е само некоја ексцентрична приказна за новата американска администрација, бидејќи не е.
„Слични планови првпат беа јавно претставени во Вашингтон во 1860-тите, но предлогот за анексија на Гренланд и Исланд беше одбиен од Конгресот во тоа време. Овие планови имаат длабоки историски корени и очигледно е дека САД ќе продолжат да ги туркаат своите геополитички, воени и економски интереси на Арктикот. Прашањето за Гренланд нема никаква врска со Русија, но ние сме загрижени поради фактот што земјите од НАТО сè повеќе го признаваат далечниот север како упориште за можни конфликти. Русија сигурно ќе ги брани своите интереси на Арктикот, бројот на војници таму ќе расте. Русија ќе одговори и на вклучувањето на Финска и Шведска во активностите на Алијансата“, рече Путин.
Можеби ќе ве интересира
„СО ГОЛИ РАЦЕ ИЗЛЕКУВАА ЛУЃЕ ОД ПОД УРНАТИНИТЕ“: сведоштва кои го откриваат ужасот од земјотресот во Мјанмар

ЛУЃЕТО ЌЕ РАБОТАТ МНОГУ ПОМАЛКУ ОТКОЛКУ ДЕНЕС: Бил Гејтс најавува дводневната работна недела!

БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО МЈАНМАР НАДМИНА ДВЕ ИЛЈАДИ - се уште се трага по голем број исчезнати

„ЈАС СУМ МАРИН“: Орбан со поддршка за Ле Пен која доби четири години затвор и забрана да се кандидира за претседателка на Франција

МАРИН ЛЕ ПЕН ВИНОВНА! Францускиот суд ја осуди за проневера лидерката на екстремната десница
„ИЗБОРОТ НА НОВ ЛИДЕР БИ ЗНАЧЕЛ ДЕКА НЕМА ДА ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР ДОЛГО ВРЕМЕ“: Трамп лут на Путин

СЕ СЛУЧИ ЧУДО ВО МЈАНМАР - жена извлечена од урнатините 60 часа по разорниот земјотрес, видеото е потресно!

НИЛСЕН ГО „ОТКАЧИ“ ТРАМП: САД нема да го добијат Гренланд

Маж по 40 часа извлечен жив од разурната зграда по катастрофалниот земјотрес во Мјанмар
