18 Декември, 2025
0.1944

ПУТИН ЗА СИРИЈА: Она што го видовте до сега не е ништо во однос на она што го имаме и можеме

Објавено во: Свет 19 Декември, 2015 20:38

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин истакнал, на свечената вечера посветена на денот на безбедносните сили во Кремљ, дека руските вооружени сили, во текот на операцијата во Сирија не ги искористиле сите свои можности, а доколку биде потребно ќе ги искористат и додатните средства кои ги поседуваат.

„Гледаме како ефикасно работат нашите пилоти, и како меѓусебно ги координираат напорите, а се од различни родови - војска, морнарица, авиација, како го припремаат најсовременото оружје. Сакам да нагласам дека тоа не е максималната наша можност. Далеку од тоа дека таму користиме се што поседуваме“, изјавил Путин.

„Поседуваме и додатни средства. Ако некогаш биде потребно, и нив ќе ги искористиме“.

putin 5

Тој како што пренесува сајтот „Спутник“, нагласил дека руската специјална служба оваа година спречила повеќе од 30 терористички напади.

„Ова година се заблагодарувам на напорите на ФСБ за спрчените повеќе од 30 терористички напади. Разузнавачките служби во голем број ги зајакнуваат активностите во Русија. Голема одговорност сноси и контраразознавачката служба. Во 2015 година се откриени повеќе од 320 кадровски службеници и агенти на специјални служби на странски држави и нивни помагачи“, нагласил рускиот претседател.

Шефот на руската држава нагласил дека акциите и плановите на терористите преставуваат директна закана на Русија.

„Ситуацијата не е едноставна. Расте напнатоста на Блискиот исток и во други региони во светот. Терористите отворено објавуваат војна на цивилизациите, на цела меѓународна заедница. Нивните акции и планови се директна закана и на нашата земја“.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела