29 Април, 2024
0.0259

Работа од соништата: Cе бара патник околу светот за 100.000 долари!

Објавено во: Стил 22 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Cе бара ентузијастичен работник кој би патувал низ светот околу година дена, сите трошоци за пат се платени, а платата изнесува вртоглави 100.000 долари. Звучи предобро за да биде вистинито? Но сепак е. За Што станува збор? Туристичкиот портал CNTraveler објави атрактивен натпревар за работа кој, најверојатно, ќе привлече голем број на невработени авантуристи, но и оние вработените кои не се задоволни од она што го работат. Cтанува збор за патување кое би требало да трае година дена, а се што треба да работите во текот на тоа патување е да фотографирате и да пишувате текстови за тоа каде сте биле и истите да ги диструбуирате по пат на социјалните мрежи. И секако, да волонтирате, како би, секоја дестинација која сте ја посетиле, „ја оставиле подобра и поубава“. Рокот за пријавување е 15 септември Работа во која сите трошоци за патот се платени, плата од 100.000 долари и пат околу светот, се секкао три одлични причини кои ќе привлечат бројни аватнуристи ширум светот. Рокот за пријавување е 15 септември, а сите заинтересирани мора да снимат видео во траење од 60 секунди кое најдобро ги претставува и да го постават на страницата на компанијата Jauntaroo. Том Вилсон од оваа компанија вели дека патувањето би требало да трае 52 недели, во текот на кои би се посетиле помеѓу 30 и 50 дестинации во светот, од Берлин до Малдиви. Воглавно би се посетувале помалку познати земји. По пријавувањето ќе се одберат 50 полуфиналисти кои ќе мораат да снимат и второ видео, а од нив 50, во финале ќе влезат само петорица. За работата може да се пријавите на следниот линк.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти