19 Декември, 2025
0.0517

РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА НА ОГЛАС: Голема измама или остварување на сништата?

Објавено во: Економија 20 Септември, 2015 08:38

Добивај вести на Viber

„Заминав за Германија, да работам како молер, што е горе долу пристојна работа. Така ми беше ветено, но таму кога ме пречекаа ми дадоа да копам на градилиште“, со овие зборови, еден скопјанец почнува да раскажува за патешествието што го имал, откако преку оглас што го нашол на www.pazar3.mk тргнал на работа во Германија. „Во договор со човекот што посредуваше ми рекоа дека ќе бидам, молер. Дека ќе имам плата од 1.200 евра. Но, кога стигнав таму, ништо од тоа што го договаравме во Скопје, не беше вистина. Ниту работниот ангажман, ниту пак платата. А таму имаше и други луѓе од Македонија. Уште кога стигнав колегите ми кажаа дека не добиваат редовно плата, а и тоа што го добиваат е само само колку да се прехранат дури седат таму“, додава скопјанецот , кој не сака да го открие својот идентитет. [caption id="attachment_175904" align="alignright" width="441"]OLYMPUS DIGITAL CAMERA Ништо не е како што се кажува во огласите[/caption] Скопјанецот  по само три дена се вратил назад во Македонија. И натаму е дел од армијата невработени, кој поради безизлезната состојба во која се наоѓа, се обидел среќата да ја побара надвор од државата. Но, за жал, вели останав само измамен и ја потрошив последната заштеда што ја имав за ова одење и враќање до Германија. „Други немаат ниту шанса да се вратат. Немаат пари. Седат и работат најтешки физички работи, за што добиваат половина од тоа што им било ветено. Со 400-500 евра во Германија едвај ќе се прехраниш, а работиш дневно и по 9 – 10 часа. После неколку месеци некако ќе се вратат, а евро не донеле дома“ вели скопјанецот. За него Германија е завршена приказна. Барем не во продукција на т.н. „агенции“ од Македонија што нудат работа. Се нудат плати од 1.400 до 2.000 евра за работа во странство Фактор истражуваше какви се огласи за работа во странство се нудат на интернет сајтовите. Главно станува збор за неквалификувани или полуквалификувани работни места. Огласите ги има на пazar3.mk  и на реклама5.мк. Серија огласи за вработување од Грција, преку Швајцарија и Германија, Англија па се до Дубаи. Платите почнуваат од 1.100 евра, а стигнуват и до 2.000 евра, со напомена дека може да се зголемуваат ако станува збор за вреден работник. Се бараат  фризерки, работнички во продавница, градежни работници и многу други работни позиции. За македонскитите стандарди платите звучат примамливо. Но, дали се реални? Прво што се напоменува е дека се бараат работници, но мора да имаат бугарски пасош, или пасош на некоја друга европска држава. Само во еден од направените телефонски разговори ни рекоа дека работа може да се среди и без бугарски или европски пасош. На дел од посочените телефонски броеви, кои нудат работа во странство, се јавивме како заинтересирани за работа во странство. Штипјанецот Мијалче, кој има оставено свој број на www.pazar3.mk , бара работници за Швајцарија и Германија. Машки и женски за различни профили. Во Швајцарија, во Базел, се барале жени за работа во фризерски салон, а веќе имало заинтересирани кандидатки. Една од Штип, друга од Кочани. Но,  имало и од Скопје. За работата во фризерскиот салон, се нуди плата од 1.500 евра и обезбедено спиење. [caption id="attachment_89973" align="alignright" width="443"]rabota zdravje Првичната среќа, откако ќе дознаете дека сте „вработени“, многу често се претвора во разочарување[/caption] „Газдата на фризерскиот салон е Турчин. Ако сте добар работник, ќе останете, и можеби ќе напредувате и ќе добиете поголема плата. Но, од првите две плати, ќе Ви бидат скратени по 500 евра. Тие пари, сопственикот на фризерскиот салон ќе ги префрли на моја сметка, за услугата што сум Ви ја направил“, вели Мијалче во телефонскиот разговор, додека го распрашувавме за условите под кои доколку се одлучиме би заминале на работа во Швајцарија. Вели дека и тој некогаш работел во странство, па има многу пријатели низ странските земји кои имаат бизниси и тој им помага кога тие бараат работници. Дарко од Скопје, пак нуди работа во Германија. На огласот се наведени повеќе работни позиции пред се од градежната сфера. Го прашавме која е компанијата која бара работници, но не сакаше да открие, освен дека е германска. „Не можам тоа да Ви го откријам. Тоа не е информација што сега можам да Ви ја дадам. Се уште не се знае дали ќе одите да работите“, изјави во телефонскиот разговор. Прашавме дали има потреба од возач со Ц категорија. „Има уште две слободни работни места, рокот за пријавување истекува денеска. Платата е 1.400 евра, имате сместување и еден оброк, и превоз до и од работното место. Потребно е да се потполни формулар со вашите генералии, и за тоа треба да платите 1.800 денари за да се преведат на германски, вели Дарко. Уште еден струмичанец, преку оглас бара работници за Германија. Вели дека бугарска фирма добила тендер во градот и ангажира работници и од Македонија, но само со бугарски пасош. Нуди плата од 1750 до 2000 евра, дополнително има и 330 евра за сместување. Друг охриѓанец пак праќа Македонци на работа во Германија, преку германска фирма, чиј газда е Хрват, но со германско државјанство. „Покрај автопат се работи. Заштитна жица се става. Во Келн е работата, и од час се плаќа 7 евра, а смештајот е обезбеден. Јас три години работам таму. Газдата на фирмата е Хрват, си има свој бизнис наследен од татко му во Германија. Тој има германско државјанство. Работата е за пет, шетс месеци, но ако работникот остане во Германија, може да добива и по 700 евра од Агенцијата за вработување, за месеците што ги работел“, објаснува охриѓанецот. Покрај работа, се нуди и посредување за бугарски пасош за 600 евра Скопјанецот Филип нуди работа во Грција, но освен тоа нуди и посредување за добивање бугарски пасош, оти без европски пасош, во земјите од ЕУ, не може да се добие работа, објаснува Филип, во телефонскиот разговор, во кој му посочивме дека сме заинтерсирани за работа. [caption id="attachment_81618" align="alignright" width="441"]bugarski pasos Лесно до бугарски пасош?[/caption] „Јавете ми се од понеделник, кога сакате и ќе се договориме за деталите.Јас ќе Ви средам да го добиете пасошот“, вели Филип. Прашавме дали ќе биде проблем тоа што немаме никакво бугарско потекло. „Не се секирајте. Пасошот со сигурност ќе го добиете. Ќе Ви објаснам што точно значи потеклото. Ви гарантирам дека ќе го добиете пасошот“, вели Филип. А за услугата напоменува дека ќе бидат потребни 600 евра, плус дополнителни трошоци за три одења во Бугарија. „Без пасош на земјите од ЕУ никој не може да Ви обезбеди работа во ЕУ. Тоа е лага. А гледам по огласиве нудат и работа со македонски пасош. Зачуден сум како е тоа можно, бидејќи јас со тоа работам знам дека не можно, освен ако добиете работна дозвола, но тоа е сосема друга постапка, која нема врска со она што е во огласите“, вели Филип. Контролираат ли институциите што се се нуди во огласите? Ваквите огласи, но и приказната на скопјанецот, кој на пат тргна како молер, а му обезбедија работата како копач, за многу пониска плата од она што било договорено во Скопје, отвораат серија дилеми на кои надлежните институции треба да одговорат. Ги контролира ли некој ваквите огласи, контролира што се нуди, дали се прават измами на граѓани, кои во потрага по подобар живот заглавуваат во канџите на добро разработен сиџиир кој заработува на маката на граѓаните? С.Н. Преземање на веста или на делови од веста е можно само во договор со редакцијата на Фактор

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите