РАБОТАТ СО КОЖА И НИЖАТ УСПЕСИ – еве која фирма ја зголеми добивката за 16 отсто од почетокот на годината
Објавено во: Економија 30 Јули, 2025 07:49
Успешно „прво полугодие“ имаше македонската компанија „Димко Митрев“ од Велес бидејќи во првите шест месеци од година остварија добивка која е дури 16 отсто поголема отколку истиот период минатата година.
Согласно последната објава на податоци на Македонската берза, оваа компанија успеала да го подобри своето работење токму во период кој важи за доста нестабилен.
Димко Митрев е компанија за производство и трговија на крзно и крзнени производи која успешно работи повеќе од седум децении. Таа е извозно ориентирана компанија која и е присутна на европските пазари повеќе од 50 години, со доминантен странски капитал во сопственост на приватни акционери.
- Сметководствените политики и методи на вреднување користени при составување на финансиските извештаи за период од 01.01.2025 до 30.06.2025 година се непроменети и се применуваат конзистентно со оние применети при составување на финансиските извештаи за истиот период од предходната година.Истите ќе се применуваат до моментот додека не се донесе друг акт кој ги уредува овие прашања. Во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година ДИМКО МИТРЕВ а.д. Велес оствари нето добивка од 86 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година е поголема за 16 отсто – се посочува во извештајот објавен на Македонска берза.
Од компанијата појаснуваат дека во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 143.340 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2024 година е поголем за 18 поценти.
- По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 89 отсто, приходите од домашен пазар со 2 проценти и други приходи со 9 отсто. Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат.. Во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година вкупните расходи изнесуваат 143.253 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2024 година се поголеми за 18 проценти – се појсанува во извештајот.
Притоа е посочено дека по структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали, кои достигнуваат до 59.438 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се зголемени за 2 отсто.
- Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 58.882 илјади денари и во однос на истиот период во 2024 година се помали за 1 проценти и истите редовно се исплаќаат. Во пресметковниот период од 01.01. до 30.06.2025 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 38.944 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 19.938 илјади денари. Во овој период нема исплата на дивиденда– се прецизира во објавата.
П.О.
Фото: freepik.com/master1305Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




