29 Март, 2024
0.0244

Работи како да не ти требаат пари, Сакај како никогаш да не те повредиле, Играј како никој да не те гледа!

Објавено во: Стил 27 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Сами себе се убедуваме дека животот ќе ни биде поубав кога ќе се венчаме, добиеме бебе, а потоа уште едно бебе. Тогаш стануваме фрустрирани затоа што децата не се доволно големи и ќе бидеме позадоволни кога ќе пораснат. А, потоа, сме исфрустрирани што имаме работа со пубертетлии.

Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе излезат од тој период на животот. Си зборуваме сами на себе дека животот ќе ни се разубави кога на сопружникот ќе му дојде паметот на место, кога ќе купиме поубава кола, кога ќе бидеме во можност да заминеме на некое убаво патување или кога ќе се пензионираме…..
Вистината е дека не постои поубав миг за среќа од овој сегашниот. Ако не сега – кога?

Твојот живот секогаш ќе биде исполнет со некакви тешкотии.
Најубаво е тоа да си го признаеш и да решиш да ти биде среќен без оглед на се. Среќата е вистинскот пат. Затоа, чувај го секој миг кој го имаш, а чувај го уште повеќе затоа што си го споделил со некој кој е посебен, доволно посебен да би го минувал времето со него… и запомни дека времето никого не чека.

Затоа, престани да чекаш…

Да ја отплатиш колата.
Да купиш нова куќа или автомобил.
Да ти заминат децата од дома.
Да се вратиш на студии.
Да ги заврши студиите.
Да ослабиш 10 кг.
Да се попрaвиш 10 кг.
Да се ожениш/омажиш.
Да се разведеш.
Да добиеш деца.
Да заминеш во пензија.
Да дојде лето.
Да дојде пролет.
Да дојде зима.
Да дојде есен.

Нема подобар миг за среќа од овој.
Среќата е пат, а не цел.
Затоа:
Работи како да не ти требаат пари,
Сакај како никогаш да не те повредиле,
Играј како никој да не те гледа!


Фото: 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи