29 Март, 2025
0.1474

РАБОТНИЦИ ОД АЗИСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ДОСЕЛУВААТ НА БАЛКАНОТ: Голем дел се во Хрватска - дали тоа ќе ја промени демографијата?

Објавено во: Балкан 25 Март, 2025 07:45

Добивај вести на Viber

Голем број работници од азиските земји доаѓаат да работат на Балканот, посебно во Хрватска, земја која на море има потреба од кадар.

Тие доаѓаат за да заработат, но дел од нив сакаат да ги донесат и своите семејства на Балканот или тоа веќе го сториле. Ова може да резултира со одредени промени на демографијата. Дали „увезените“ работници трајно ќе останат, зависи од тоа дали ќе бидат задоволни од начинот на живот, можностите кои се нудат и дали ќе се вклопат во новата средина.

Хрватскиот демограф Моника Комушанац за Фактор објаснува дека странските работници не претставуваат само извор на работна сила за хрватската економија, туку и голем демографски потенцијал. Нагласува дека демографската ревитализација со доселеничка популација е модел со кој резултатите се веднаш видливи, но таквата идеја мора да биде планирана, насочена и прифатена во општеството на земјата примател.

Вели дека со укинувањето на системот на квоти во 2021 година, Хрватска значително го либерализира пазарот на труд за државјани на трети земји, што доведе до зголемен прилив на имиграција на странски работници. Покрај традиционалните работници од непосредната и пошироката регионална средина, пред сè од Босна и Херцеговина(БиХ), Хрватска исто така станува атрактивна имиграциска земја за работниците од посиромашните азиски земји. Како што додава, според податоците на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, од 2021 до 2024 година, на странците во Хрватска им се издадени вкупно 585.144 дозволи за престој и работа, а само во 2024 година има 206.529 дозволи, од кои најмногу се за вработувања во секторите градежништво, туризам и угостителство, индустрија, трговија, а вработените се во најголем број граѓани на Босна и Херцеговина (38.100), Непал (35.635), Србија (27.988), Индија (20.502) и Филипините (14.680).

„Вкупно, според податоците на Централниот завод за статистика, во Хрватска во 2023 година имигрирале 69.396 лица, од кои 58.538 или 84,35 отсто се странски државјани. Анализата на имиграциските приливи по географска област од 2021 до 2023 година укажува дека доминира имиграцијата од т.н. други европски земји (земји кои не се членки на Европската унија или земји-членки на Европската економска област). И покрај фактот што работниците од соседните земји многу добро се интегрираат во хрватското општество поради слични историски, цивилизациски, културни карактеристики, сепак демографскиот потенцијал на традиционалниот имиграциски правец, првенствено оној од Босна и Херцеговина, е значително стеснет во согласност со трендовите на депопулација на Хрватите во хрватската етничка област. Од друга страна, состојбата на пазарот на труд во Хрватска е условена од интензивното иселување на хрватските граѓани по влезот на Хрватска во Европската унија во 2013 година, поради што имиграцискиот потенцијал од соседните земји не е доволен за да се реши проблемот со недостигот на домашна работна сила. Од наведените причини, приспособувањето кон динамиката на пазарот на труд и укинувањето на системот на фиксни квоти овозможи побрз и поедноставен пристап до нов базен на работна сила од азиските земји, па токму оваа имиграциска насока забележа најголем релативен пораст во анализираниот период“, објаснува Комушанац.

Вели дека каква ќе биде перспективата на новата имиграциска насока и дали таа ќе биде привремена или постојана, зависи од бројни фактори. Пред сè, потребно е да се потенцираат методолошките недостатоци на следењето на миграцијата, т.е. фактот што немаат прецизни и целосни податоци за странското население и нивните структурни карактеристики во Хрватска, што произлегува од природата и динамиката на самите миграциски процеси, но и од постоечкиот систем за собирање податоци.

„Со оглед на тоа дека имиграцијата во Хрватска е неодамнешен феномен, квантитативното и/или квалитативното истражување е сè уште ретко или се потпира на помали примероци, поради што не може да биде репрезентативно или генерализирано. Доселувањето на странци во Хрватска од азискиот регион е пред сè економски мотивирано, т.е. поврзано со заработка, заштеда на значителна финансиска сума и испраќање дознаки до членовите на нивните семејства. Финансиската помош и подигањето на семејните стандарди се нивните главни миграциски цели, додека веројатноста за приклучување/обединување на семејствата ќе зависи од индивидуалните фактори, т.е. постојните миграциски искуства (задоволство од работните и животните услови во Хрватска, степенот на прифаќање во новото општество, владеењето на хрватскиот јазик итн.) и контекстуалните фактори, од кои се издвојуваат високите трошоци за живот и квалитетот и достапноста на домувањето, особено во поголемите градови каде што има најмногу странски работници. Во согласност со бројот на странски работници во Хрватска, може да се претпостави дека тие се задоволни од животот и работата во Хрватска, но општата социјална клима во однос на отвореноста кон странците е важна и за размислување за преселување на цели семејства. Ова е еден вид предизвик за хрватското општество, кое нема искуство со имиграција на голем број луѓе кои се културно, етнички, верски, расно итн. похетерогена и „видлива“ популација. Интеграцијата е двонасочен процес и од неколкуте достапни студии може да се заклучи дека хрватските граѓани ја оценуваат, барем засега, како неуспешена, истакнувајќи ги основните проблеми, а тоа се слабото или никакво познавање на хрватскиот јазик и немањето законска обврска да присуствуваат на програма за изучување хрватски јазик. Во моментов, постоечките програми и курсеви се опционални и зависат од волјата на работодавците и личната мотивација на странските работници“, додава демографот.

Во однос на „увезената“ работна сила, во Македонија имаше многу пријави во полиција дека странците кои доаѓаат тука за да работат, по некое време „исчезнуваат“, односно заминуваат во други држави, во Грција или Хратска каде платите се повисоки. Непалци избегаа од Македонија, а имаше и работници од Бангладеш кои го сторија истото.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ДОДИК НАПИША МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА – „СТИГНАВ“: Уште нема информација каде е пратседателот на Република Српска

ДОДИК НАПИША МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА – „СТИГНАВ“: Уште нема информација каде е пратседателот на Република Српска

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ВО СРБИЈА: Луѓето кои живеат близу Јадар велат дека се спремни да го евакуираат добитокот

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ВО СРБИЈА: Луѓето кои живеат близу Јадар велат дека се спремни да го евакуираат добитокот

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Водостојот на реката Сана се искачи на 435 сантиметри

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Водостојот на реката Сана се искачи на 435 сантиметри

ВОЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ ХРВАТСКА, КОСОВО И АЛБАНИЈА: Милановиќ објасни за каков тип на сојуз станува збор

ВОЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ ХРВАТСКА, КОСОВО И АЛБАНИЈА: Милановиќ објасни за каков тип на сојуз станува збор

(ВИДЕО) ТУЗЛА: Полицајци бркале сомнително лице, по што завршиле во надојдената река

(ВИДЕО) ТУЗЛА: Полицајци бркале сомнително лице, по што завршиле во надојдената река

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ НИВИ И ДВОРОВИ: Се излеаја реки во Босна

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ НИВИ И ДВОРОВИ: Се излеаја реки во Босна

КОСОВО Е СЕРИОЗНА ОПЦИЈА: Европска земја планира да испрати затвореници кај нив

КОСОВО Е СЕРИОЗНА ОПЦИЈА: Европска земја планира да испрати затвореници кај нив

ВУЧИЌ РЕШИЛ ДА ОСЛАБНЕ: Јаде калинки пред средбата со Фон дер Лајен

ВУЧИЌ РЕШИЛ ДА ОСЛАБНЕ: Јаде калинки пред средбата со Фон дер Лајен

УСПЕАЈА ДА ГО ИЗМАМАТ И АЛБИН КУРТИ: Тој призна дека „паднал“ на трикот на познатите руски комичари, мислел дека е претседателот на Латвија

УСПЕАЈА ДА ГО ИЗМАМАТ И АЛБИН КУРТИ: Тој призна дека „паднал“ на трикот на познатите руски комичари, мислел дека е претседателот на Латвија