19 Декември, 2025
0.3203

РАБОТНИЦИТЕ КОИ НЕ СЕ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ ЌЕ ИМААТ ИСТИ ПРАВА СО ОНИЕ КОИ СЕ - единствена работа ќе биде во пониската плата

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2023 13:55

Добивај вести на Viber

Денеска се одржа јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи, на која од претставниците на Министерството за труд и социјална политика беа презентирани клучните новини во новото предлог законско решение, пред претставниците на адвокатската комора, адвокати, судии, јавни обвинители, професори и експерти по трудово право, претставници на здружение на млади правници и здружение на трудово и социјално право, како и претставници на Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување на Северна Македонија.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска упати на важноста на оваа јавна расправа и можноста да се слушне мислењето на судиите и адвокатите кои го применуваат законот, како и на професорите теорeтичари на трудовото право, а во насока на креирање на квалитетно законско решение и негова успешна имплементација.

„Целта е да креираме законско решение кое ќе содржи точни и прецизни одредби и нема да остави простор за исти прашања да има различни толкувања. Носиме системско решение кое ќе одговори на потребите на современото општество, “ истакна Тренчевска.

Дел од новините со Предлог законот за работни односи се времетраењето на договорите на определено време, односно од досегашните пет години, се скратува на две години и обновување на договорите три пати во рокот од две години. Промена има и кај договорите за вработување на определено време за вршење на сезонски работи, и можноста работодавачот да ги плаќа придонесите на сезонскиот работник сите 12 месеци, со обврска дека работникот и следната сезона ќе работи за истиот работодавач. Работниците на неполно работно време, во однос на правата и обврските од работниот однос, се изедначуваат со работниците на полно работно време, освен кај платат и надоместоците од плата кои се пропорционални со работните часови на работникот.

Се воведува и работата од далечина, како одговор на потребите кои произлегуваат од развојот на дигитализацијата и искуствата со ковид кризата.

На јавната расправа се дебатираше и за колективните договори и нивното важење, како и постапувањето на Државниот инспекторат на труд, кој како контролен орган го врши надзорот над примената на законските прописи. 

Присутните на јавната расправа го поздравија носењето на нов закон за работни односи кој како што беше посочено воведува нови правни институти, кои нема да остават правни празнини и дилеми во неговото толкување и имплементација, а истовремено има усогласеност со меѓународни инструменти.

Јавните расправи продолжуваат и во текот на месец Февруари, по што ќе биде дебатиран и на Економско социјалниот совет, пред да се предложи за усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија и негово влегување во собраниска процедура.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба