Работниците кои седат над 6 часа на биро се по склони кон болести
Објавено во: Стил 23 Април, 2019 20:00
Луѓето кои своите работни обврски ги завршуваат пред компјутерот на своето биро, или пак цел ден седат пред цел куп на документи треба да прават намалку 30 минути вежби.
Со правилни вежби од половина час ќе си помогнат во намалување на ризикот од болести поврзани со грбот, односно рбетот, но и од ризици по здравјето поради преку умереното седење пред биро.
Овие податоци се напишани во последното австралиско истражување.
Истражувачите од Сиднеј заклучиле дека луѓе кои се во седечка положба повеќе од шест часа, без да станат да се раздвижат се посклони кон смртни болести, отколку оние лица кои вежбат најмалку еден час во текот на денот.
Истражувањето опфатило над 150 000 луѓе, на околу 45 годишна возраст и траело 9 години.
Анализите од проектот покажале дека луѓето кои седат пред биро и работат непрестано со најмалку 6 часа работа се со поголем ризик од заболување на повеќе болести: крвен притисок, кардиваскуларни болести, па дури и депресија.
Научниците утврдиле дека на овој тип работници им е потребна физичка активност од најмалку 30 минути дневно во текот на денот. Макар тоа да биде и пешачење во времетраење од половина час.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





