19 Декември, 2025
0.0492

РАБОТНИЦИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ПЛАТИ: Најмалку четири странски фабрики ги оставија Србите на цедило

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2024 17:10

Добивај вести на Viber

Најмалку четири странски фабрики ги оставија српските работници без плати. 

Последен случај беше со работниците од турската текстилна фабрика „Кајра текстил ДОО“ во Мали Зворник кои преку ноќ останаа без работа, а како што тврдат не ги добиле претходните три плати, а на дел од нив како „отштета“ им е понудена стока и машини за шиење. Истото им се случи и на вработените во уште две турски фабрики „Џинс“ и „Бертекс“. Ниту тие што работеа во „Грунер“ и „Геокс“ не поминаа подобро, потсетува Нова.рс. Инаку, „Џинс“ во 2011 година доби субвенција од 1,75 милиони евра за инвестиција од 2,75 милиони евра, а потоа, следната година, добија уште шест милиони за вработување на 760 работници.

Неколку години подоцна, во 2020 година, Фондот за развој на Србија му одобри на „Џинс“ инвестициски заем од 126,7 милиони динари, со поволна каматна стапка од 1,8 отсто.  „Бертекс“, според крагуевачките медиуми, од државата во 2018 година добил субвенции од 702.137 евра за вработување работници. Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ често се фали со донесени инвеститори и отворени нови работни места. Сепак, работник кој зборуваше за српските медиуми деновиве, кажа дека едвај преживувал, а платата била нешто над 400 евра. 

foto freepik.com/Racool_studio

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?