РАБОТНИЦИТЕ ПАЛЕА ГУМИ: Ги разгневи затворањето на фабриката на Нисан во Барселона
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Мај, 2020
Нисан ja затвори фабриката во Барселона.
Ова е дел од глобалното реструктуирање и ќе предизвика губење на околу 3.000 работни места.
Затворањето на фабриката ќе го чини јапонскиот производител до милијарда евра.
Од Владата на Шпанија го повикаа јапонскиот производител да разгледа други опции.
Во фабриката на Нисан во Барселона работат околу 2.400 работници и околу 600 во сродни погони. Оваа беше главната фабрика на Нисан во Европа, по онаа во Велика Британија.
Илјадници луѓе протестираа низ Барселона против одлуката.Луѓето палеле свеќи и запалиле автомобилски гуми на протестот.
Нисан месецов ги негираше информациите дека планира да го намали своето европско присуство и да се концентира на САД, Кина и на Јапонија.
Ова е последница на пандемијата на коронавирусот.
Многу познати компании се во криза.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.