Работниците во странство го удвоија испраќањето пари во Македонија
Објавено во: Економија 19 Мај, 2022 07:30
Македонските работници во странство во 2021 како дознаки испратиле 344,45 милиони евра, од кои 19,92 милиони биле одлив, покажуваат обработените податоци од Народна банка кои ни се испратени за минатата година.
Тоа е значителен прилив по официјалните канали како банки и брз трансфер на пари, според критериумите на НБ, ако се знае дека деценискиот просек од 2010 до 2020 беше редовно нешто повеќе или нешто помалку од 180 милиони евра. Отскокнување имаше и во 2020 со прилив од 262,04 милиони евра, според податоците на централната банка.
Податоците на Евростат објавени на крајот од минатата година покажаа дека во текот на 2020 година, од земјите на Европската Унија (ЕУ) кон балканските земји испратени се над 8,5 милијарди евра.
Според методологијата на Еуростат, во текот на 2020 година дијаспората испратила 361 милион евра во Македонија, што е околу 3,4 проценти од бруто-домашниот производ на земјата. Тоа е убедливо најмал процент на учество во БДП доколку се споредат податоците со земјите во Западен Балкан.
Од Народна банка често нагласуваат дека е тешко да се посочи на прецизен износ, поради поголемата застапеност на дознаки во готовина, колкава е вкупната и реална сума испратена од иселениците.Според Народна банка, вообичаено од испратените пари, делот во готовинска форма го сочинуваат над 70 отсто од вкупните приватни трансфери, додека дознаките кои доаѓаат во нашата економија преку формалните канали е помалку од една третина.
Според проценките на НБ коишто се прават според методологија усогласена со Меѓународниот монетарен фонд, износот на овие дознаки, од 2009 година наваму, надминува една милијарда евра годишно, односно изнесува околу 16 проценти од БДП.
Кога станува збор за кешот, во 2021 година, на граничните премини пријавени се вкупно парични средства во противвредност на 13.818.674 евра што законски треба да се пријават над лимитот за влез во Македонија. Во 2021 година пријавени се за 128,25 отсто повеќе девизи во однос на 2020 година.
Од вкупно пријавените девизи 10.927.705 се евра, 1.788.270 се швајцарски франци, 1.157.107 се американски долари, 10.556.476 се македонски денари, 200.000 се шведски круни, 116.905 се канадски долари и 8.000 се британски фунти . Според извештајот на Царинската управа, најмногу девизни средства се пријавени на Блаце (противвредност на 8.154.327 евра) и на скопскиот аеродром (противвредност на 3.795.375 евра).
А.К.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД





