20 Декември, 2025
0.0468

Работниците од „Леарница“ бараат државата да провери дали компанијата работи законски

Објавено во: Економија 26 Август, 2016 13:51

Добивај вести на Viber

Работниците на „Леарница“ денеска протестираа пред Собранието, со барање да им се исплатат заостанатите плати и придонеси.

Велат дека во компанијата се работи незаконски и се надеваат на помош од пратениците. Десет дена штрајкуваат 170 вработени, но досега нема решение на повидок.

„Се обраќавме до сите институции, како Управата за јавни приходи, Трудова инспекција, Министерството за труд и социјална политика. Во Министерството коректно бевме примени, ама што преземале до сега – уште нема ефект. Уште во октомври пријавивме во Министерството и Трудовата инспекција, но од тогаш уште повеќе се влоши ситуацијата. Бараме институциите да си ја завршат својата работа“ - вели вработен.

Тврдат дека пари се даваат на рака, се задржуваат работници прекувремено, а условите за работа се лоши.

Раководството на компанијата одговара дека се во лоша состојба затоа што половично  ги исполнуваат плановите. Велат дека поради тоа нема пари за покривање на  долгот кон работниците и кон државата. Сметката им е блокирана затоа што имаат долг  кон ЕВН.

Претходно работниците протестираа и пред Управата за јавни приходи и Министерството за труд и социјална политика.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба