Работниците штрајкуваат, директорката ги обвини за уништување на „Леарница“
Објавено во: Економија 05 Септември, 2016 15:40
- Праксата на неодговорност, уцена пред секоја испорака на стоката, неквалитет, доцнење на испораките, непочитување на наредбите, искористување на работното време од околу 50 проценти, намерното уништување и оштетување на постројките, крадење на производи, модели и резервни делови се ближеше пред својот крај. Ова исто така се однесува и на високите плати ( до 45.000,00 денари во производство), несоодветни за тој вид на работа и образование. Ваквата состојба досега се толерираше поради две причини:
а) недостатокот на соодветен кадар и тешкотии за обезбедување на истиот (а и тој што ќе се обезбедеше беше приморан да замине под притисок од вработените)
б) поради обврските кон купувачите и настанатите штети заради неиспорака на производите, која во најголем дел беше авансно платена.
Со оглед дека МЗТ Леарница АД Скопје беше во преговори со сериозни стратешки партнери и се планираше транзицијата да се спроведе во летните месеци, како и да се поправи оштетената опрема, синдикатот на потполно незаконски начин, без одлука превзеде чекори кои не водат до никакво решение на нивните барања туку уништување на фирмата и шансите за нејзиното преструктурирање, соопштуваат од МЗТ Леарница.
Ракводството најави и преземање на правни мерки против лицата кои ја довеле компанијата во тешка состојба.
Вработените на протестите искажаа дека не им се префрлени дури 12 плати и бараат од државните институции да реагираат и да им помогнат во нивната борба за егзистенција.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




