„РАБОТОДАВАЧИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ, СЕ РАБОТИ НА СТИМУЛАЦИЈА ЗА ДА ВРАБОТУВАТЕ СТУДЕНТИ“: Грчева најавува - се работи за нов Закон за студентска работа
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2025 07:30
Солза Грчева соопшти дека се пишува нов закон за студентска работа, на која работи и таа самата.
Најавува дека со него ќе се реши проблемот со вработување студенти на црно.
„Пишуваме нов Закон за студентска работа.
Со тоа ќе решиме долгогодишен проблем на вработување и искористување на студентите со работа на “црно”.
Истовремено, на студентите ќе им го направиме поквалитетен студентскиот живот, а работодавачите ќе бидат стимулирани да ги вработуваат на привремена работа.
Паралелно со Законот, правиме web страна со берза на нивни вработувања и опис на секое работно место.
Со овој проект нашата канцеларија интензивно се бави повеќе месеци.
Вклучени се 7 министерства (Образование, Економија, Финансии, Правда, Социјала, МВР, Технологии) како и Стопанска комора, Студентски организации, Агенција за вработување, УЈП, Фонд за здравство, Фонд за пензиско, Народен правобранител, претставници на Влада, професори…
Веќе во септември ќе го имаме нацрт Законот, кој ќе биде презентиран на медиумите и ќе оди на јавна расправа.
Само темелна, инклузивна и транспарентна работа ги решава натрупаните системски проблеми!
Мораме да се бориме и со подобрување на студентскиот живот и стандард, да го намалиме одливот на младите.
Ова е благородна работа, во која навистина уживам и јас и сите вклучени во проектот“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




