Рачен часовник со 1250 дијаманти
Објавено во: Стил
21 Мај, 2013 20:07
Добивај вести на Viber
Швајцарскиот производител на луксузни часовници „Jaeger-LeCoultre“ ја одбележува 180-годишнина со неколку ремек-дела, пишува интернет изданието „Luxury Launches“.
Едно од нив е убава интерпретација на моделот „Reverso Cordonnet“ од 1936 година со два бројчаника. Компанијата е позната по своите искуства со дијаманти и оваа вештина јасно се гледа на новиот часовник, за кој се користат 1250 од овие камења. Куќиштето му е од бело злато, а бројчаниците се е во темносина боја и се водени од еден заеднички механизам.
Целата предна страна е посипана со дијаманти, додека внатрешноста е во сина боја. Луксузниот часовник беше прикажан од германската актерка и модел Диане Кругер, на 6-ти мај во Њујорк.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: