18 Декември, 2025
0.0452

РАЧНА БОМБА, ГЛАВИ ОД МИНОФРЛАЧКИ ГРАНАТИ: Најдено оружје во контејнер во Атина

Објавено во: Балкан 26 Август, 2025 13:09

Добивај вести на Viber

Рачна бомба; оксидирани делови од минофрлачки гранати, од огнено оружје и митралез; различни делови од оружја од Втората светска војна, но и 14 икони, биле пронајдени во контејнер за отпад во атинската населба Кесариани.

Како што соопштија од грчката полиција, рано утрово биле информирани за оружјето и муницијата, а на местото веднаш пристигнале припадници на Службата за деактивирање на експлозивни направи заедно со полициски кучиња, каде што бил пронајден арсеналот.

Поконкретно биле откриени и конфискувани: две оксидирани рачки за активирање на рачна бомба, една офанзивна рачна бомба со детонатор, десет оксидирани глави од минофрлачки гранати, разни оксидирани тела од минофрлачки гранати, куршуми од различен калибар, расклопено рачно огнено оружје, разни оксидирани делови од оружја од Втората светска војна, три оксидирани делови од револвери, железна цевка од автоматско оружје од Втората светска војна, разни чаури, механизми од разни оружја од Втората светска војна, дел од митралез, два метални боксирачи, еден пар лисици, два пендреци на преклоп, разни додатоци за оружје и 14 икони.

Прелиминарна истрага спроведува Поддирекцијата за криминални истраги на полицијата во Атина.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии