РАДЕВ: Бугарија треба да биде водечка држава на Балканот што е можно побрзо
Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2024 15:25
Според бугарскиот претседател Румен Радев, Бугарија треба да биде водечка држава на Балканот.
Вели дека колку е можно побрзо, Бугарија треба да ја обнови својата улога на Балканот.
„Конечно е време да ги извадиме главите од песокот, да престанеме да се занимаваме со нашите внатрешни семејни и провинциски кавги и да се вратиме таму каде што ни е местото. Во Босна и Херцеговина гледаат на Бугарија како на силен и достоен член на НАТО и на Европската Унија – земја со демократија, развиена економија и социјален систем. Тие гледаат на нас со надеж – да поддржуваме, да помагаме, да водиме“, изјави Радев во Сараево.
Тој потсети дека Бугарија е првата држава која ја призна независноста на Босна и Херцеговина во 1992 година.
„Моето прашање во бугарските политичари е каде остана таа Бугарија – Бугарија која прва реагираше на сите важни проблеми во регионот, која беше прва во донесувањето на одлуки, која беше прва во поддршката, која го иницираше процесот за безбедност во Југоисточна Европа“, наведе Радев.
Тој ги повика бугарските политичари да ги решат внатрешнополитичките проблеми и да ја вратат Бугарија на Балканот „во еден поширок регионален план“, пренесува БТА.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




