Радев: Членовите на Бугарско-македонската комисија ќе ја бараат и бранат историската вистина
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2020
Бугарскиот претседател Румен Радев упати порака до историчарите да ја најдат вистината, но до неа да се дојде без правење остапки.
Вели дека компромис за јазикот, историјата и идентитетот не може да има.
„Членовите на Бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, рече Радев, пренесе БГНЕС .