15 Декември, 2025
0.0878

РАДЕВ ЈА ДЕМАНТИРА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели дека разговорот во Баку не бил како што кажа македонската претседателка

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024 17:03

Добивај вести на Viber

Бугарскиот претседател Румен Радев ја демантира македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. 

Демантира дека на нивната средба во Баку не го коментирал предлогот на македонските власти за уставни измени со одложено дејство

„Сиљановска, како добар правник, многу добро знае дека обврските преземени според меѓународните договори едноставно мора да се исполнат“, изјавил Радев на прашање на новинарот на БГНЕС.

Во интервју за Македонската телевизија во понеделникот вечерта Сиљановска рече дека со Радев разговарале повеќе од еден час на климатскиот самит во Баку. 

„Од прва рака му го објаснив на Радев нашиот став за којшто има консензус меѓу Владата и мене. Реков дека е најдобро јас да му го соопштам тоа што им го соопштувам и на останатите претставници и ЕУ и останатите земји, наши пријатели… бидејќи решението со одложено дејство е најразумно“, рече претседателката.

Сиљановска-Давкова додаде дека од Радев немало коментар, но дека таа ја разбира состојбата во Бугарија, неможноста за формирање влада и за институционализирање на дијалогот и меѓу Владите, односно нашето МНР и нивното. Радев денеска вели дека работите не биле такви како што ги претстави Сиљановска-Давкова.

„Искажав многу јасна оценка и уште еднаш подетално ја запознав г-ѓа Сиљановска со преговарачката рамка и општиот европски консензус од јуни 2022 година, усвоен и од тогашната владата на Северна Македонија. Ја запознав и со нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка и, што е многу важно, со вториот протокол според овој Договор. Тоа се меѓународни обврски, а г-ѓа Сиљановска, како добар правник, многу добро знае дека обврските преземени според меѓународните договори едноставно мора да се исполнат. Уште еднаш ја истакнав нашата подготвеност да помогнеме за побрзо да се достигнат условите поставени во овие меѓународни документи, за да се отвори вратата за почеток на преговорите“, рекол Радев.

Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот, за да ги почне преговорите со ЕУ. Албанија веќе ги почна преговорите. 

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“