Радев се заканува со вето - што му одговори Ковачевски?
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2023 15:50
Бугарскиот претседател Румен Радев најавува вето за Македонија, а македонскиот премиер Димитар Ковачевски на ова одговори дека Македонија преговара со ЕУ, а не со Бугарија.
„Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето“, рече Радев.
Ковачевски вели дека по досегашниот тек на скринингот, Македонија во еден од патоказите ќе потврди дека правата на малцинстгвата во земјава се на многу повисоко ниво од многу земји членки на ЕУ.
„Имаме и закони за остварување на правата на помалите заедници . Имаме и министерство за овие прашања. Затоа, сметам дека барањето на кој било политичар не претставува никаков проблем бидејќи правата што ги имаат сите подединци и групи се на повисоко ниво од многу земји членки на ЕУ. Буарија не би ја коментгирал затоа што се наоѓа во избори и оттаму се даваат најразлилни изјави заради политички поени. Нека им завршат изборите па ќе разговараме. Но, ние со Бугарија не преговараме, туку со Брисел“, изјави Ковачевски.
Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека изјавата на Радев дека Бугарија е во состојба на вето поради тоа што Бугарите не се вклучени во Уставот на државава е потврда на тоа што тие го зборувале.
Бугарија претходно ги блокираше македонските преговори со ЕУ. Пред неа и Франција беше против Албанија и Македонија да почнат преговори. Резерва имаше и Холандија.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




