23 Јануари, 2020
0.0231

Радиото

Објавено во: Колумни 29 Декември, 2019

Радиото

Во далечната 98-ма за време на мојата печалба во Дојче Веле и Келн се сретнав со Горан Петрески, кој беше дојден на во германската радио  куќа на пракса како млад новинар заедно со Ивица Боцевски...убаво се дружевме и таа дружба се уште трае.

Но тоа не е тема на текстов,туку само повод да напишам некој збор за Македонското Радио откаде што заминав во пензија и сега со статусот на старец- приправник гледам сеир(покрај спортот на ТВ) на се што се случува.Горан во првата наша средба ми признава:знаеш ли дека сум те мразел кога на ручек покрај гласно пуштеното радио татко ми ни забрануваше мене и на Ана гласно да чукаме со лажиците по чиниите-Пладневен Радио Весник и твојата најава –„ви зборува Мојсо Мојсовски“......и така со години.....

А тоа почна на 1 ви септември 1970 година и траеше полни 43 години.Работев во Дневната редакција,паралелно во контактната(дури едно лето кога нема фудбал заедно со Валентина Новковска Трајковска водевме забавно спортско попладне,водев спектар и утринска програма)но никогаш не излегов од дневна која со тек на времето стана ДЕСК.Ни денес не знам зошто(всушност наслутувам) без образложение сум прекомандуван во Радио Македонија(бев отсутен,не можев да дојдам на себе поради смртт на Тоше Керамитчиевски и кога се вратив најдов шут решение на маса-по години успешно уредникување и раководење со редакцијата-одмори се малку во Радио Македонија(не ми требаше одмор ниту пак ми беше страв од отворениот микрофон и работата по полноќ.....на младите колеги што стасуваа покрај мене секогаш им велев и на портирница да те стават ти си новинар....завршив во ТВ за да помогнам со своето искуство и знаење во редакцијата во која ние заколнатите Радио новинари најмалку сакавме да припаѓаме.

Таа седумтесетта дојдов во редакција за која велеа дека е срцето на Радиото и почнав туку речи од нула(сега е некој друг не толку важен орган или функционира на апарати за преживување).Тука ги затекнав чичко Столе,Мите Купус,Хрвое Марушиќ,Јосиф Брада(Ќурчиев)....сите имаа броеви на списокот за дежурство и јас ја добив бројката 6.Имам прекрасни спомени со сите, како и со сите што влегуваа и излегуваа од редакцијата(милувам да кажам дека ги има повеќе од 50 и сега се директори на куќи со реноме,дописници,некои веќе не се живи,доста се пензионери.....а кај се дактилографките,стенографите,телепринтеристите,возачите......сите погонски делови кои заедно со суријата дописници од сите краишта на републиката,а богами и од братската држава деноноќно будно и професионално правеа информации и емисии вести секој час-под будното око на Хари Миновски....  Радиото беше слушано и му се веруваше.....

Деновиве по повод големиот јубилеј пропарадираа покрај бившите и сегашни припадници на куќата која предизвикуваше респект и почит и не мал број беа едногласни- со години нема млад кадар...се чудам,всушност и не, како функционира и дали нормално функционира моето-нашето радио....па си велам,како што би ми релжкол и Горан- Дебел да си жив и здрав твоето е поминато глеј си работа...не ќе да е така ама нека биде веројатно е секогаш така со оние што се минато.....ти си стар и надживеан уредник не ги разбираш овие модерни времиња ми велеше Драган Антоновски со кого знаеме да коментираме без реперкусии по нашата меѓусебна почит и уважување.

Денот на радиото се слави и ќе се одбележува за инат на неговите противници и негатори!   


Можеби ќе ве интересира

Политика на марка на производите

Политика на марка на производите

Медена лекција за пелин нација

Медена лекција за пелин нација

Влијание на перењето пари врз економската стабилност

Влијание на перењето пари врз економската стабилност

Десо

Десо

Неделен Фактор: Медот го изедовме, горчливиот вкус остана

Неделен Фактор: Медот го изедовме, горчливиот вкус остана

Рускиот тандем се распадна

Рускиот тандем се распадна

Да постанеме најдобри во полето на културниот натпревар

Да постанеме најдобри во полето на културниот натпревар