РАФАЕЛ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ НА ГРЕН СЛЕМ: Надал чекори кон првото место на АТП листата
Објавено во: Спорт 04 Септември, 2022
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал продолжи со одличните партии на Грен слемовите во 2022 година и ја постигна 22-та победа, а интересно е што се уште нема пораз на најголемите турнири.
Во третото коло на УС Опен, Надал со максимални 6:0, 6:1, 7:5 го елиминира Ришар Гаске од Франција.
„Бикот од Мајорка“ на тој начин ја продолжи фантастичната сезона на Грен слемовите и го забележа 22. триумф, а само на Вимблдон не стигна до пехарот бидејќи му спречи повреда на стомачниот мускул, па се повлече за време на турнирот.
Токму поради него Рафа беше под знак прашалник и за УС Опен, но навреме се опорави и игрите кои ги игра на „Флешинг Медоус“ потврдуваат дека е подготвен за нова титула.
Во третото коло против Гаске ја заврши работата за само два часа и 20 минути – во првите два сета загуби само еден гем од ривалот и беше јасно дека Французинот нема на што да се надева.
Надал го продолжи перфектниот настап против Ричард, победувајќи го во нивната 18-та средба.
Во четвртото коло ќе се сретне со локалниот претставник Френсис Тијафо кој во три сета го елиминира Диего Шварцман.
Доколку момчето од Манакор победи на УС Опен, освен на 23. Грен слем, ќе се врати и на првата позиција на АТП рангирањето.
Победи забележаа и Карлос Алкараз, Иља Ивашка, Марин Чилиќ и Јаник Синер.
УС Опен на програмата е од 29 август до 11 септември, се игра за награден фонд од 60.102.000 долари, а титулата ја брани Данил Медведев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.