26 Април, 2024
0.0439

Раката што дава не се суши: Кој е македонскиот газда кој ги почести со одмор во Турција своите 126 вработени?

Објавено во: Стил 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Веројатно големината на некои богати луѓе е и во дарежливоста, помагањето и безрезервната поддршка. Да, парите се олеснително сретство за живот, викаат кај што не буши бургија, бушат пари, ама кога некој знае како со нив, посебно за да израдува некого... е тоа е веќе нешто. Во овој случај, не се работи за радост на еден, туку на 126!

Ретко се случува да се појави газда на фирма, кој за вработените ќе се грижи како за семејство, бидејќи секојдневно во медиумите се информираме за работници кои се навикнати да им доцни плата, да им се зема „К-15“, па и помошта од државата за време на пандемијата одредени фирми си ја присвоија.

Газда кој отскокнува од овој список е бизнисменот Новко Плаќаноски, стружанец со бизнис во Охрид. Таму му е фирмата, кафулето и ресторанот.  Летната сезона е на самиот крај, но двата негови угостителски објекти се затворени – вработените се на одмор. Тој досега неколкупати неговите вработени ги частел одмор, но најинтересно е сега, во услови на пандемија кога на газдите им е полесно да отпуштаат, сопственикот на „ПН Метал“, ресторанот „Валентино“ и кафулето „ИТ“,  вработените со чартер лет ги испрати на одмор во Анталија, Турција.

Целиот текст на Машки магазин овде

Прочитајте и Дарежливиот газда од Охрид го следи трендот на добра заработувачка од станови во градот


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти