Рама најави суво пристаниште во Струга и нов граничен премин Поградец-Струга
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2022 16:25
Се договоривме за иницијативите на Груби за суво пристаниште во Струга и за нов граничен премин Поградец-Струга, вели албанскиот премиер Еди Рама.
Постигнат е договор на денешната заедничка седница на Владите на Македонија и Албанија што се одржа во Скопје.
„Проектот за суво пристаниште го земаме под наша одговорност преку холандска компанија, која го има проектирано новото комерцијално пристаниште, но и воена инфраструктура во Драч, како и сувото пристаниште во Приштина. На овој начин мислиме дека создаваме една комплексна инфраструктура во функција на зголемување на волуменот на интеракција на нашите држави што беше наш приоритет, но и приоритет на иницијативата Отворен Балкан и на Берлинскиот процес“, рече Рама.
Рама владината конференција ја оцени како многу продуктивна и рече дека на неа се финализирани 21 договор меѓу двете влади.Евроинтеграции, одбрана, безбедност, инфраструктура, енергетика, култура, борба против меѓународен криминал, железничко поврзување. Во овие сфери двете земји потпишаа договори и меморандуми.
И македонскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама порачаа дека ова е само потврда на новиот дух на соработка меѓу земјите од регионот и продолжување на унапредувањето на партнерството од иницијативата „Отворен Балкан“.
Но, и двајцата премиери беа јасни дека целта и за Скопје и за Тирана е членство во ЕУ – рокот за тоа е 2030 година.
Инаку, ова е втора владина седница меѓу Македонија и Албанија.
фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




