РАМА СЕ ПОФАЛИ: Аеродромот во Тирана e на прво место во Европа
Објавено во: Балкан 16 Август, 2024 18:10
Аеродромот во Тирана e на прво место во Европа според порастот на бројот на патници.
„Неколку години по ред бројот на патници кои ја користат услугата на меѓународниот аеродром во Тирана е во постојан раст. Ова го потврдуваат и најновите податоци објавени од Меѓународниот совет на аеродроми. Податоците од овој графикон покажуваат дека за периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од 2019 година, бројот на патници што го користеле аеродромот во Тирана е зголемен за 259,4 отсто“, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.

Лани се регистрирани 7,5 милиони патници, а за годинава се очекува бројка повисока од 10 милиони. Како што наведува Рама само во јули имало над 1,2 милиони патници.
Според ранг листата на Меѓународниот совет на аеродроми овој во Тирана ги остава зад себе не само земјите од регионот со консолидиран туризам, туку и многу земји во Европа.
Хрватска забележала раст од само 18,2 отсто, Италија 14,7 отсто, Северна Македонија 19,6 отсто и Србија 32 отсто. Црна Гора претрпела намалување од 12,5 отсто на бројот на патници преку аеродромот во Подгорица, додека Косово забележало значителен раст од 71,2 отсто.
Услугите на аеродромот, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации, ги користат и се поголем број македонски, косовски и црногорски граѓани.
Рама вчера се пофали дека платите во туризмот се околу 1.000 евра и дека младите Албанци нема потреба да одат во Италија и Грција на печалба.Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




