РАМА: Во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2024 16:59
И покрај политичко-медиумската борба во Тирана, во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ, вели албанскиот премиер Еди Рама. Тој утре во Њујорк ќе одржи уште една од најавените серија средби со албанската дијаспора, што ги почна во мај годинава.
Тој веќе е во Њујорк и споделувајќи фотографии со објекти на кои се поставени плакати за средбата, што ќе се одржи под мотото „Горд за Албанија“, тој ја коментираше и политичката ситуација во земјата.
„Во Њујорк на средба со Албанците од Америка. Горд за Албанија, за која денес се зборува во суперлатив насекаде во светот и целосно свесен за извонредните предизвици на патот до врвот во 2030 година, кога со моќта на нашиот сојуз и покрај политичко-медиумската борба во Тирана, ќе го кренеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали (прв албански премиер кој ја прогласил независноста на земјата) во дворот на Европската Унија“, напиша Рама.
Ќе зборува и за начинот на гласање на дијаспората. Првата средба тој ја одржа албанската дијаспора во Атина на 12 мај. Потоа посети и други земји. Албанија месецов почна преговори со ЕУ. Maкедонија заостана на европскиот пат.
Инаку, неодамна имаше инциденти во Тирана, пратеници запалија столчиња пред Собранието, а потоа имаше и други нереди.
foto Facebook/Edi Rama
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




