РАМАДАНИ ЗА ФАКТОР: МЕПСО пак презема струја, ситуацијата е лоша
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2021 11:07
Ситуацијата е лоша, од утрово повторно преземавме струја, но помалку од претходно затоа што и времето ни оди во прилог, изјави утрово за Фактор, првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани. Претходно АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека заради дефект во котелот на Блок 1, целиот бпок е исклучен синоќа во 3 часот наутро. Со ова практично, домашното производство е сведено на нула, а струја на располагање има од увозот кој го направи ЕСМ и сосем минимално од хидропотенцијалот. Рамадани е дециден дека мора брзо да се реагира и дека во моментов топлото време е на наша страна.
„Преземавме утрово струја од европската мрежа, но не многу околу 30 до 40 мегаватчасови струја. Сепак исклучувањето на блокот во РЕК Битола не ни оди воприлог, не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен за РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е во добра и не ни оди во прилог, вели Рамадани за Фактор.
Тој рече дека во моментов на компанијата и требаат околу 30 милиони евра од кои 15 милиони евра се за ликвидност. Деновиве ќе стасаат за наплата фактурите од преземањата на струја кои МЕПСО ги правеше во претходниот период. Можноста да се префрлаат пари од буџетот ќе се отвори со прогласување на кризната состојба која е планирана за утрешната владина седница.
Од Министерството за економија за Фактор велат дека стартувањето на ТЕЦ Неготино ќе зависи од тоа дали Владата ќе прогласи енергетска кризна состојба на следната седница.
На прашањето колку мазут има за централата упатуваат во ТЕЦ Неготино.
Рамадани уверува дека засега нема да има рестрикции на струја, но останува проблематична ситуацијата со оглед на тоа што ниту еден домашен капацитет не произведува доволно. Не планирал да си оди од МЕПСО и вели дека ќе остане се додека не биде разрешен.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




