Раскинат договорот за Македонско село, државата заработи 112.000 евра
Објавено во: Економија 24 Август, 2022 07:30
Службата за општи и заеднички работи на Владата до Бирото за јавни набавки испратила допис дека на 23 август 2022 конечно е раскинат договорот за јавно-приватно партнерство за стопанисување и управување со комплексот Македонско село на Водно кај селото Нерези.
Во објавата на системот за јавни набавки стои дека последната вредност на договорот со приватниот партнер „Квинс Хотел“, во јавноста познат како сопственост на Тинекс МТ, односно на бизнисменот Владимир Тодоровиќ, изнесува 6.840.016 денари, што значи дека државата од партнерството заработила само 112.000 евра.
А инаку целокупната инвестиција за овој проект ја чинеше државата 5,2 милиони евра, додека, пак, 1,3 милион евра беа потрошени за внатрешното уредување и плус 30.900 евра за набавка на клупи, патокази и за три електромобили со кои се пренесуваа куферите на гостите во селото.
Договорот со „Квинс Хотел“ беше потпишан на 11 јануари 2016, а требаше да трае 240 месеци, односно 20 години. Месечната кирија која требаше да ја плаќа концесионерот изнесуваше 3.500 евра.
„Македонско село“ првпат беше отворено во 2016 година, а менаџментот на комплексот донесе одлука за негово затворање, поради како што рекоа од таму - работење со загуби, и престанува да работи од 18.10.2018 Од Владата тогаш му забележаа на Тодоровиќ дека ниту писмено ниту усно ги известил за оваа еднострана одлука. Истата година директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, рече дека концесионерот тоа го направил без потребната најава од шест месеци однапред и дека ќе биде активирана банкарската гаранција.
Во моментов се уште не е познато што ќе се прави со објектот, а пред две години Владата извести дека местото би можело да послужи за проект стартап-село, каде што младите од земјава и странство ќе имаат можност да основаат бизниси без да плаќаат режиски трошоци.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




