Раскинати договорите за државно земјиште со над 170 земјоделци
Објавено во: Економија 08 Јули, 2025 11:27
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија рече дека за време од една година се раскинати договорите со над 170 земјоделци при распределбата на земјоделското земјиште. .
Тој посочи дека во изминативе 12 месеци се реализираа два јавни повика за распределба на земјоделско земјиште при што беше опфатена целата територија на Македонија. Над 2.100 договори се склучиле, а се распределени околу 6.000 хектари.
„Морам да потенцирам дека не течеше само процесот на распределба на земјоделско земјиште, туку течеше и процесот на контрола на евентуални злоупотреби при што над 170 договори се раскинаа во изминатава година дена, повеќе од 2.500 до 3.000 хектари се ослободени“, истакна министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека контролата ќе продолжи за да се спречат злоупотребите на земјоделско земјиште. И одземеното земјиште ќе биде распределено кај земјоделците кои што сакаат да работат.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




