19 Декември, 2025
5.4484

Раскол меѓу приоритетните акционери во „Стопанска банка Скопје“! Можат ли сопствениот пораз да го претворат во победа?

Објавено во: Економија 03 Мај, 2023 07:21

Добивај вести на Viber

На маса се три опции. Првата е конверзија на 2 обични акции за секоја приоритетна акција. Тоа е утопија за која веќе се изјасни сопственикот на банката. Вториот предлог е на најголемиот акционер кој нуди замена на 0,8 обични акции за секоја приоритетна акција што според пазарната цена на акциите е повеќе од фер понуда.  Особено ако се има предвид дека сега годишно добиваат фискна дивиденда од 8 денари за акција. Третиот предлог е од редовите на приоритетните кои дадоа сигнал дека би се сложиле и на конверзија од 1,5 обични акции за една приоритетна. Ќе излезе ли на крај народната „кој сака рогови, ќе остане и без уши?“

Ќе надвладее ли разумот на следното акционерско собрание на „Стопанска банка“ Скопје и ќе соберат ли сила сопствениците на приоритетни акции да направат компромис првин меѓу себе, а потоа и со мнозинскиот акционер на банката? Ќе запре ли голготата на сопствениците на приоритетни акции и ќе смогнат ли тие сили сопствениот пораз да го претворат во победа?

Овие прашања се наметнуваат како логични кај секој инвеститор кој независно и од страна ги следи случувањата со обидите за конверзија на приоритетните во обични акции на „Стопанска банка Скопје“.

Последниве пет години трае „сапуницата“ на сопствениците на приоритетни акции во „Стопанска банка Скопје“. Поточно од 2018 година кога поголем дел од сите сопственици на приоритетни акции се групираше и артикулира став со кој побараа од банката нивните приоритетни акции да бидат конвертирани во обични во размер една приоритетна за две обични акции. Нормално дека раководството на банката и мнозинскиот акционер ја одби таа конверзија.

Тие ја бараа правдата и на суд, а се пожалија и до надлежното регулаторно тело Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Изминативе години голгота, расправии, преписки, тужби, жалби направија извесно раздвижување и елаборација на таа тема од повеќе агли и на различни нивоа.

Лани „Стопанска банка Скопје“ ангажираше странска реномирана ревизорска куќа која врз основа на сите пазарни и книговодствени критериуми требаше да даде независно мислење за соодносот на конверзија на приоритетна во обична акција. Нивната проценка беше дека една приоритетна акција вреди колку 0,4 обични акции.

На овој предлог големиот акционер во „Стопанска банка Скопје“ рече дека дава премија од 100 отсто и дека е подготвен да гласа за конверзија во која една приоритетна акција би се менувала за 0,8 обични акции.

Група сопственици на приоритетни акци (над 10 отсто од сите приоритетни акции) излезе со предлог во кој е подтовена да даде рака за конверзија од 1,5 обични акции за 1 приоритетна акција. Тоа е за 100 отсто повеќе од понудата на големиот сопственик на обични акции.

Од достапните материјали за акционерското собрание се гледа дека има уште еден предлог потпишан од Влатко Ташковски, претседател на координативното тело за остварување на правата од приоритетните акции. Тој во име на своите поддржувачи бара конверзија во размер 2:1 во корист на приоритетните акции, нешто што е неприфатливо за мнозинскиот сопственик на банката.

Клучното прашање што се поставува од увидот во точките на претстојното собрание е дали има раскол меѓу сопствениците на приоритетни акции? Затоа што излегуваат со два предлози.

А услов да да помине предлог на собрание врзан со конверзија на приоритетните акции е за него да постојат квалификувани мнозинства како од сопствениците на приоритетни акции така и од сопствениците на обични акции.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии