18 Декември, 2025
0.0534

Расмусен: Западен Балкан е природен дел од евроатлантското семејство

Објавено во: Балкан 22 Мај, 2014 14:47

Добивај вести на Viber

НАТО е посветен на иднината на Западен Балкан како природен дел на евроатлантското семејство, изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен денеска, при неговата посета на Подгорица. Тој истакна дека се радува да ја види Црна Гора како дел од НАТО, штом земјата биде подготвена за тоа. „Црна Гора вложи силни напори и имаше големи достигнувања, но значајни напори и натаму се потребни во оние области кои се релевантни и за вашето пристапување кон ЕУ. Ве охрабрува, да ги продолжите напорите во насока на јакнење на владеењето на правото, реформата на безбедносниот сектор и во сферата на борбата против криминалот и корупцијата“, изјави Расмусен на заедничката пресконференција со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ. Расмусен и се заблагодари на Црна Гора за учеството во меѓународните воени операции, но не кажа конкретно дали земјата може да се надева на покана за членство на претстојниот самит во Кардиф. По Подгорица, генералниот секретар на НАТО веднаш допатува во Скопје, каде што веќе е на средби со македонскиот државен врв. Во 15 часот во Владата тој ќе одржи заедничка пресконференција и со македонскиот премиер Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии