Распаѓање на Шенген – фатално од финансиска гледна точка
Објавено во: Економија 22 Февруари, 2016 13:57
Распадот на зоната за слободно движење на Европската унија (ЕУ) Шенгенот може да ја чини Унијата до 1,4 трилиони евра во рамките на една деценија, покажува истражувањето на германската фондација „Bertelsmann“, претставена денеска.
Според истражувањето при најлошото сценарио, при кое повторното воведување на контрола на европските граници ќе ги крене цените на увозот со 3%, а трошоците на најголемата економија на блокот - Германија, може да достигнат 235 милијарди евра меѓу 2016 и 2025 година , а на Франција - до 244 милијарди долари.
При најдобро сценарио - со раст на цените на увозот само со 1%, истражувањето покажува дека распадот на Шенген ќе ја чини ЕУ околу 470 милијарди евра во следната деценија, соопштува Ројтерс.
Трошоците може да нараснат до 1,4 трилиони евра, или околу 10% од годишниот бруто домашен производ (БДП) на 28-члениот блок, при најтешкото сценарио.
„Ако се воведе повторно гранична контрола во Европа, веќе слабиот раст ќе се покаже како дополнителен притисок“ вели Аарт Де Гос, претседател на фондацијата „Bertelsmann“.
Шенгенот беше формиран пред повеќе од 30 години, а сега вклучува 26 земји, од кои 22 се членки на ЕУ. Системот на слободно движење во последната половина на годината се најде под сериозен притисок поради приливот на мигранти кои влегуваат во Европа, воглавно од Блискиот Исток и Африка.
За да го запрат бранот и да обезбедат контрола врз тоа кој влегува на нивна територија, многу земји во Шенгенот повторно воведоа гранична контрола во последните месеци, што предизвика загриженост дека целиот систем може да се сруши.
Истакнувајќи ја итноста на предметот, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави за државната телевизија ARD во неделата дека земјите членки на ЕУ, кои со месеци се во конфликт поради начините за надминување на миграциската криза, треба да се согласат на заеднички пристап за две недели, ако сакаат да се избегне распаѓањето на Шенген зоната.
Освен што ќе биде катастрофална пречка за Европа, распадот на Шенген може да го зголеми времето за кое се транспортираат стоките во европските граници, зголемувајки ги трошоците за компаниите и потрошувачите.
Според истражувањето на „Bertelsmann“, овластено од „Prognos AG“, минималните трошоци за Германија и Франција ќе бидат соодветно 77 милијарди и 80,5 милијарди евра до 2025 година.
Распадот на Шенген ќе ги зголеми и трошоците за земјите надвор од зоната, а товарот за САД и Кина во следната деценија ќе биде вкупно меѓу 91 и 280 милијарди евра во зависност од сценариото, покажува уште студијата.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




