РАСПИТ НА ПОВЕЌЕ ОД 300 СВЕДОЦИ ЗА СТРАОТНИОТ ПОЖАР ВО КВАЗИ ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ - тимот е проширен на 11 јавни обвинители

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 12:59
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски утрово одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани.
Со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика.
„Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.
Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани. Во текот на денешниот ден обвинителите во Кочани преземаат дејствија за обезбедување докази“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Можеби ќе ве интересира
„КОГА ЗАМИНУВААТ ТИЕ НА ОДМОР, НИЕ ДОАЃАМЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО“ - „КОЈ Е СЛЕДЕН“ ПОВИКУВА НА МАСОВНОСТ: Во 11 часот денеска ќе кажат кои се барањата

„ООО ВИЕ ВИЧНИ ОБВИНИТЕЛСКИ КАПИТАЛЦИ“: Адвокатот Сашо Дукоски не може да се дочуди на правната неписменост на обвинителите од Кочани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска

(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Паѓаат обилни дождови

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Раскажа како се спасил

ОСОМНИЧЕНИ СЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор
