19 Декември, 2025
0.0751

РАСТ И ПАД НА АКЦИИТЕ: Што се случуваше на македонската берза во февруари

Објавено во: Економија 05 Март, 2016 10:59

Добивај вести на Viber

Февруари за некои беше добар месец, а за некои лош на македонската берза.

Вредноста на акциите на „Арцлормитал” Скопје на пример, минатиот месец имале најголем пораст на официјалниот пазар од 10 отсто, а на Редовниот пазар акциите на Земјоделско-сточарски комбинат за 200 отсто.

Скок од 369,13 отсто бележат акциите на оние на Карпош Скопје, кои достигнае просечна цена од 699 денари. Зад нив се акциите на Факом со пораст од 45,45 отсто и просечна цена од 8 000 денари. Трети на листата пак се акциите на Топлификација Скопје со 23,21 отсто или просечна цена од 647 денару

На Официјалниот пазар најголем пад забележаа акциите на Осигурување Македонија за 11,7 отсто, а на Редовниот пазар акциите на „Еуромак брокер“ АД Скопје за 6,8 отсто.

Во текот на февруари на македонската берза најтргувани биле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Охридска банка.

Хартиите од вредност на Комерцијална банка се први на листата со 147 трансакции и 32,14 отсто учество во вкупниот промет, Веднаш зад нив следат акциите на Алкалоид со 127 трансакции или 35,35 отсто во вкупниот промет. Хартиите од вредност на Охридска банка пак, се трети на листата со 53 трансакции или 8, 28 отсто од вкупниот промет.

Македонската берза ја заврши оваа трговска седмица со минимален раст на индексот МБИ10 од 0,65 отсто, додека индексот ОМБ забележа пад од 0,70 проценти.

Вкупниот промет изнесуваше 5,7 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба