Раст на добивката од 4% во 2015 бележи Групација Триглав
Објавено во: Економија 04 Март, 2016 16:30
Успешно работење во насока на стратешките цели забележа Групација Триглав во 2015 година, со нето добивка која за 4% е повисока од онаа во 2014 4 година и изнесува 88,9 милиони евра.
Позитивните резултати како што соопштија од Групацијата се темелат на профитабилноста и безбедноста во работењето, како и на зачувување на финансиката стабилност.
Неревидираните податоци за 2015 година покажуваат дека бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување на Групацијата Триглав се зголемила за 3%, на 919,1 милион евра во споредба со 2014 година.
Подобрување Групацијата бележи во комбиниараниот количник кој за разлика од преклани во 2015 година бил подобар за 3,5% од планираниот.
„Значаен ефект на минатогодишните деловни резултати на Групацијата Триглав,освен превземањето на компанијата Скупина Покојнинска Дружба, имаа и растот на премијата на пазарите надвор од Словенија, отсуството на масовни штетни настани и не многу поволната ситуација на пазарот на капитал.
Стратешкиот фокус на осигурителниот бизнис ги донесе посакуваните резултати. Заради понатамошна консолидација на словенечкиот пазар и дополнителен развој на Групацијата Триглав, посебно внимание сепосвети на областите на здравственото и пензиското осигурување. Групацијата Триглав, како водечка осигурително-финансиска групација во Словенија и во регионот Адриа во 2015 година ја превзеде Скупина Покојнинска Дружба, која што е вториот по ред најголемпонудувач на доброволни пензиски осигурувања на словенечкиот пазар. Останати фактори кои значајно влијаат на минатогодишните деловни резултати се: раст на премија на пазарите надвор од Словенија, остуство на масовни штетни настани и не толку поволната ситуација на пазарот на капитал.
Деловните резултати подобри од планираното и над резулатите од 2014 година
Групацијата обезбеди 919,1 милион евра бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување, што е за 4% повеќе од планираното и за 3% повеќе од минатата година.Премијата на матичното друштво достигна 586,3 милиони евра (за 1% помалку од 2014 година). Бруто исплатените штети на Групацијата (594,8 милиони евра) се за 3% помали од тие во 2014 година, а штетите на матичното друштво (390,6 милиони евра) се за 7% помали. Бруто оперативните трошоци од осигурување на Групацијата останаа на скоро исто ниво како минатата година (231,6 милиони евра), додека трошоците на матичното друштво се за 1% помали (161 милион евра).
Доброто работење во основната осигурителна дејност придонесе кон подобрување на комбинираниот количник на Групацијата и на матичното друштво. Комбинираниот количникна Групацијата Триглав се намали на 92,8% и е за 3,5 процентни поени подобар од планираниот, како и од постигнатата вредност во 2014 година, а за 2 процентни поени подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%). Исто така се подобри и комбинираниот количник на матичното друштво, кој што изнесува 86,2%, што е за 8,5 процентни поени подобро од 2014 година.
Деловните резулати се подобри од тие во 2014 и од планираните. Добивката пред оданочување наГрупација Триглавво висина од 102,5 милиони евра е за 2% повисока од минатогодишната. Нето добивката на Групацијата во висина од 88,9 милиони евра е за 4% повисока од таа во 2014 година. Заваровалница Триглав 2015-та година ја заврши со 68,4 милиони евра добивка пред оданочување (19% повисока од таа во 2014 година), како и нето добивка од 58,5 милиони евра, која што е за 28% подобра од 2014 година. Групацијата оствари 12,8% профитабилност на капиталот, а матичното друштво 10,9%.
Пазарен лидер во Словенија и регионот Адриа
Со 36% пазарен уддел,Групацијата Триглав убедливо ја потврди водечката позиција на словенечкиот пазар на осигурување. Покрај матичното друштво, на словенечкиот осигурителен пазар исто така делуваат и Триглав Здравствена Заваровалница и новото зависно друштво, Скупина Покојнинска Дружба. Во Словенија, во делот на неживотни осигурувања Групацијата Триглав има пазарен удел од 44%, во делот на животни осигурувања 35%, а на пазарот на здравствени осигурувања има удел од 23%.
Групацијата Триглав ја зајакна својата положба на пазарот надвор од Словенија во сите пет држави во кои што е присутна.
Високо ниво на финансиска стабилност
Високиот кредитен рејтинг е една од најзначајните стратешки цели на Групацијата Триглав. Таа цел, компанијата повторно ја достигна во 2015 година. Двете агенции,Standard & Poor’s и A.M. Best ја потврдија оценката за кредитен рејтинг„А-“,потврдувајќи ги финансиската моќ и успешното работење на Групацијата. Оценките се рефлексија на високата профитабилност од работењето, солидната капитална адекватност, соодветно управување со ризици и високиот степен на ликвидност. Standard & Poor's во 2015 година ја подобри својата среднорочна прогноза од стабилна во позитивна, а агенцијата A.M. Best ја потврди својата досегашна позитивна прогноза.
На виското ниво на финансиска стабилност укажува и зголемувањето на целокупниот капитал за 2% (704 милиони евра), како и бруто технички резерви на Групацијата (2.600,4 милиони евра), зголемени за 11%. Двете категории се гаранција и основ за балансирано работење и за обезбедување на долгорочна безбедност на осигурениците.
„Минатата година работата на Групацијата Триглав беше одбележана со добри перформанси, потврден висок кредитен рејтинг и високи исплати на дивиденди на нашите акционери. Значаен настан преставуваше превземањето на Скупина Покојнинска Дружба, а со тоа и јакнењето на нашето присуство на пазарот на пензиски осигурувања во Словенија. Успешно ги завршивме нашите развојни активности за воведување и остварување на барањата произлезени од Солвентност II. Тоа на осигурителниот бизнис во Европската Унија му носи промена во самата култура на работење, со тоа што бара вреднување на влијанието на поедини деловни одлуки врз профилот на ризикот во осигурителната компанија, на нејзиниот капитал и финансика состојба. Ова бара поголем фокус на проактивно управување со сите ризици на кои што е изложена компанијата, а не само на досегашната усогласеност со регулативата. Групацијата Триглав се прилагоди на новите барања и продолжува да обезбедува соодветна капитална адекватност и преку новите методи на калкулација“, изјави Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав.
За наредните денови се најавува објавување на ревидираните резултати на оваа Групација.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




