27 Април, 2024
0.0410

Раст на продажба и добивка, помали трошоци за вработени кај брендот за сувомеснато

Објавено во: Економија 03 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Над 35 милиони евра од продажба за половина година книжи „Пекабеско“ еден од најпознатите македонски брендови на сувомесни производи. За половина година оперативната добивка е 1,2 милиони евра, а нето добивката е 1 милион евра.

Најголемата македонска индустрија за производство на сувомесни производи „Пекабеско“ за првите шест месеци годинава оствари приходи од 35,3 милиони денари од продажба, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех што го објави оваа компанија. Податоците покажуваат дека растат приходите од продажба и на домашниот и на странските пазари. До крајот на јуни „Пекабеско“ на домашниот пазар продал прехранбени продукти во износ од 31,2 милиони евра што е за 4 отсто повеќе од однос на истиот период лани. На странските пазари компанијата успеала да ја зголеми продажбата за 26 отсто во споредба со истиот период лани и таа достигнала 4,1 милиони евра за половина година. Приходот од продажба за првото полугодие пораснал за 7 отсто во однос на лани, односно за 2,2 милиони евра, а расходите за помалку од 1,5 милиони евра.

Оперативните расходи за половина година се 34,58 милиони евра и тие се зголемени за 5 отсто во споредба со лани. Најголема расходна ставка е набавната вредност на трговските стоки која за шест месеци изнесува 24,4 милиони евра и пораснала за 8 отсто во однос на истиот период лани. Втора по значење расходна ставка е трошокот за суровини и други материјали кој изнесува 6,57 милиони евра. Трошокот за вработените за половина година е 1,6 милиони евра и е за 5 отсто понизок од истиот период лани.

Добивката за пола година е милион евра, 35 отсто повеќе од лани!

Оперативната добивка на „Пекабеско“ за половина година е 1,215 милиони евра и таа книжи раст од 34 отсто во споредба со лани. Скопската прехранбена компанија оствари нето добивка од 1 милион евра за половина година и тоа е раст од 35 отсто во споредба со истиот период лани. 
Од билансот на состојба се гледа дека вкупните обврски на компанијата се 19,3 милиони евра и тие во однос на истиот период лани пораснале за 7 отсто. Тековните обврски кои се дел од обврските изнесуваат 12 милиони евра и пораснале за 11 отсто во споредба со истиот период лани.  

„Пекабеско“ е компанија основана во 1979 година. Доминантна дејност и е производство на сувомесни прехранбени производи, а од 1998 година започнува да ги произведува своите продукти под брендот „Пекабеско“. Оваа компанија освен сопствениот производен асортиман врши дистрибуција на повеќе од 250 производи на други домашни и странски компании. Најголем акционер е Слободан Кутревски, прв извршен директор, сопственик на 79 отсто од акциите.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност