Добивај вести на Viber
Индустриското производство во јуни порасна за 4,9% во споредба со истиот месец лани, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
Ваквиот пораст, според статистиката, е резултат на растот од 12,8% во преработувачката индустрија.
Во исто време, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ забележа опаѓање за 33,1 отсто, додека пак во секторот „рударство и вадење на камен“ падот е за 9,9 отсто.
Според главни индустриски групи, пак, производството во јуни бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто, Капитални производи за 70,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 36 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 26,9 отсто.
Во првите шест месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, индустриското производство пораснало з =а 4,5%.