Добивај вести на Viber
Раст бележат берзанските индекси на Волстрит. Во САД инвеститорите беа охрабрени од добриот старт на преговорите за буџетот. Очекуваат дека нема да дојде до автоматско кратење на расходите што ќе ја турне Америка во нова рецесија.
Dow Jones порасна за 1,65 %, S&P 500 скокна за 1,99%, a Nasdaq индексот порасна за 2,21%. Цените на акциите на Волстрит растат втор ден од ред, откако во петокот бо Белата куќа се одржа привот состанок за буџетските проблеми. По него и републиканците и демократите дадоа охрабрувачки изјави.
Сега инветситорите се надеваат дека во Конгресот до крајот на година ќе биде постигнат договор и ќе биде избегната така наречената фискална карпа. И аналитичарите веруваат дека Конгресот ќе постогне договор, но прашање е каков и кога. До договорот тргувањето ќе биде многу несигурно.
Најголем добитник на вчерашното тргување беше градежниот сектор, чиј индекс скокна за 1,8 %. По остриот пад, вчера се опоравија индексите на рударскиот сектор и во енергетиката благодарение на растот на цените на суровините.
Обемот на тргување сепак, беше под просекот. Таков се очекува да биде и цела недела затоа што в четврток е Денот на благодарноста и е неработен ден.
И на европските берзи цените на акциите вчера силно пораснаа. Лондонскиот индекс FTSE скокна за 2,36 %, франкфуртскиот DAX порасна за 2,49 %, a париски CAC за 2,93 %.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.