20 Декември, 2025
0.0563

Растат трошоците за живот

Објавено во: Економија 01 Април, 2013 14:59

Добивај вести на Viber

Трошоците на живот во март годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,1 отсто, а во однос на март минатата година од 3,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика,  цените на мало во март годинава во споредба со претходниот месец бележат намалување од 0,1 отсто, а во однос на март лани пораст од еден отсто.

Порастот на трошоците на животот од 0,1 отсто во март 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 3,9 отсто, овошјето за 2,5 отсто, преработките од овошје и рибата за 0,7 отсто, преработките од зеленчук и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај лековите за 3,7 отсто, авионскиот превоз на патници за 2,8 отсто, нафтените деривати за 1,9 отсто, храната и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,4 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 2,7 отсто, јајцата за 1,3 отсто, преработките од месо и другите прехранбени производи за 0,4 отсто и сушеното овошје за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за домаќинствата за 13,8 отсто, сообраќајните средства за 1,5 отсто, обувките за 0,8 отсто, облеката за 0,6 проценти, течните горива и гасот за домаќинствата за 0,5 отсто и средствата за хигиена за 0,3 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба