РАСТЕ БРОЈОТ НА ИТ ЕКСПЕРТИ ВО ЕУ: Koja земја е лидер?
Објавено во: Економија 08 Јули, 2025 17:11
Сè повеќе ИТ експерти има во Европската Унија(ЕУ).
Во Европската Унија минатата година, повеќе од 10 милиони луѓе биле вработени на позициите специјалисти за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), што е пет проценти од вкупниот број вработени, објави денеска Евростат.
Уделот на ИКТ експертите во вкупниот број на вработени расте со години - во споредба со 2023 година, се зголемил за 0,2 процентни поени, додека во споредба со 2014 година, се зголемил за дури 1,6 проценти, се додава во извештајот.
Најголем удел на ИКТ експерти во вкупниот број на работници е забележан во Шведска 8,6 проценти, во Луксембург 8 проценти и во Финска 7,8 проценти.
Спротивно на тоа, најмал удел е забележан во Грција 2,5 проценти, Романија 2,8 проценти и Италија 4 проценти, се додава во извештајот.
Во 2024 година, 19,5 проценти од жените се регистрирани меѓу ИКТ експертите во Европската Унија.
Најмал удел на жени во оваа професија е забележан во Чешка со 13 проценти, во Малта со 14,7 проценти и во Унгарија со 15,2 проценти.
Најмногу жени во ИКТ секторот се присутни во Естонија 27,6 проценти, Романија 27,3 проценти и Бугарија 27 проценти, според веб-страницата на Евростат.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




