Расте бројот на заразени со коронавирусот во неколку градови
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Февруари, 2021
Во неколку македонски градови расте бројот на заразени со коронавирусот.
Се зголеми бројот на инфицирани во Кавадарци, Прилеп, Охрид.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово - по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.
Во Кавадарци има 438 активни, во Прилеп 393, а во Охрид има 367 активни случаи на коронавирусот. Куманово, Тетово, Битола иако се поголеми градови, сепак имаат помалку активни случаи.Британскиот сој на коронавирусот се шири во Македонија.
Половина од новозаболените од коронавирусот го имаат британскиот мутиран сој на КОВИД 19, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Топ Тема.
Премиерот Зоран Заев најави дека кинеските вакцини земјава ги очекува до крајот на следната недела.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.