18 Мај, 2024
0.0264

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ИТАЛИЈА: Над 120 луѓе загинаа во земјотресот

Објавено во: Свет 24 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Повеќе од 120 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди планинскиот реон во централна Италија, соопшти премиерот Матео Ренци.

Ренци вети дека ниту едно семејство, ниту еден град, ниту едно село нема да биде оставено само.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени утринава ја стресе земјата со епицентар на околу 140 километри од Рим, близу Перуџа.  Се верува дека многу луѓе во Аматриче, исто како и во соседното Акумоли, се наоѓаат под урнатините, а има и стотици повредени. Околу 1.500 луѓе останаа без своите куќи.

Земјотресот беше почувствуван низ цела Италија, од Болоња на север до Неапол на југ.

По првиот земјотрес имало уште десетици помали потреси. Најтешко погодени беа гратчињата и селата во планинскиот регион, каде се спојуваат регионите Умбрија, Лацио и Ле Марче. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека регистрирал повеќе од 200 потреси по земјотресот до 15 часот. Пред седум години, земјотрес уби повеќе од 300 луѓе во Л’Аквила, исто така, во централна Италија и во мај 2012 година, два земјотреси во девет дена убија повеќе од 20 луѓе во северниот регион Емилија Ромања.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата