19 Декември, 2025
0.0370

РАСТЕ ДОВЕРБАТА ВО ДЕНАРОТ: Се навикнавме и на политичката криза!

Објавено во: Економија 23 Август, 2016 08:16

Добивај вести на Viber

Расте штедењето. По неколкуте критични месеци, во јули, според податоците од Народната Банка е регистриран раст на вкупната депозитна база во банките. Така, на крајот од седмиот месец вкупното штедење изнесувало 4 милијарди и 823 милиони евра и во однос на јуни, или само за еден месец е зголемено за 10,1 милион евра. Според јулскиот тренд, пораст има и кај денарското и кај девизното штедење. Вредноста на денарските штедни влoгови и натаму доминира во валутната структура на депозитите. Вкупни депозити, јули: денарско штедење 2 793 447 154 евра девизно штедење 2 030 130 081 евра Во јули, регистриран е зголемување на депозитната база на нефинасискиот, односно приватниот сектор и таа достигна ниво од 1 милијарда и 187 милиони евра. Штењето на населението раст, па та така во јули граѓаните во банките чувале 3,3 милијарди евра. Кај населението и натаму доминантно останува штедењето во денари, но тоа е речиси блиску до нивото на штедни влогови во девизи. Така, вредноста на денарските депозити заклучно со јули изнесува 1 милијарда и 700 милиони евра додека девизното штедење е на ниво од 1 милијарда и 622 милиони евра. Трендот на штедење се влоши во април и мај, кога беше регистриран пад на депозитната база поради растот на ризиците од политичката криза, одразени со зголемена неизвесност и страв од губење на вредноста на домашната валута. Само во тој период од банките беа извлечени стотина милиони евра. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба